Водечкиот тенисер во светскиот поредок Новак Ѓоковиќ триумфираше на америчкиот грен слем турнир совладувајќи го во финалето Рожер Федерер со 3-1 во сетови (6:4, 5:7, 6:4, 6:4).


Финалниот двобој меѓу двата најдобри тенисери започна покасно од предвиденото поради дождот кој паѓаше на централниот терен во Њујорк.

Со победата во финалето Ѓоковиќ стигна до 2-та титулата на УС Опен вкупно 10-та титулата од Грен слем турнирите и се израмна со Федерер во меѓусебните пресметки.

Ѓоковиќ одигра смирен натпревар и ги контролираше емоциите се додека не заврши мечот и не отиде на трибините каде што беа сместени неговите најблиски.


Ohridnews