На америчкиот грен слем турнир УС Опен, Новак Ѓоковиќ го освои својот десетти јубилејен трофеј победувајќи го Рожер Федерер во финалето.
Со освојувањето на десеттиот трофеј од големите турнир Ѓоковиќ стана само четврти тенисер со таков учинок по Федерер, Рафа Надал и Пит Сампрас.
– Морам да го пофалам Федерер кој секогаш од мене на меѓусебните дуели ваѓа максимум затоа мечевите со него ми се омилени. Нема што да замарем за сезоната што измина. Го повторив успеход од 2011 година, но овој пат уживав повеќе бидејќи сега сум горд татко и сопруг. Го сакам тенисот и моментално ужувам како никогаш до сега. – рече популарниот „Ноле“.
Водечкиот тенисер на АТП листата, Ѓоковиќ испиша нова страница во историјата на белиот спорт откако стигна до 16 000 поени во генералниот пласман нешто што никогаш не му успеало на друг тенисер.
Мх.П.











