Мастерс турнирот во Шангај ќе добие нов шампион, откако бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ изгуби во 1/2 финалето од Шпанецот, Роберт Баутиста Ахут.


19-от носител на АТП листата најдобриот светски тенисер го совлада во два сетови (6-4, 6-4) за точно 108 минути.

Нервозата и немоќноста беше видлива кај српскиот тенисер кој го скрши рекетот и ја скина маицата, но и тоа не му помогна да заигра како што знае и умее.


Противник на Баутиста Ахут во финалето ќе му биде победникот од вториот полуфинален меч во кој ќе се сретнат Гаел Симон и Енди Мареј.

OhridNews