Големите ривали Барселона и Реал Мадрид одиграа спектакуларно „Ел Класико“ со пет погодоци во Мајами. На победата по многу возбудувања се радуваа каталонците кои славеа со 3-2.
Барселона во почетните минути од натпреварот поведе 2-0 со головите на Лионел Меси и Иван Ракитиќ. „Кралевите“ преку Матео Ковачиќ и Марко Асенсио изедначија до крајот на првиот дел. На стартот од второто полувреме Жерар Пике погоди за 3-2, а каталонците ја задржаа предноста до финишот.
Во САД контролен натпревар одиграа и Манчестер Сити – Тотенхем кој заврши во корист на „граѓаните“ 3-0.
OhridNews