Селекциите на Бразил и Аргентина забележаа високи победи во пријателски натпревари против Јапонија 4-0 односно Хонг Конг 7-0.
Четирите погодоци за „кариоките“ ги постигна фудбалерот на Барселона, Нејмар. Неговото гол шоу започна во 18-та минута, а погоди уште во 48-та, 77-та и 81-та за конечни 4-0.
Николас Гаитан, Гонзало Игуаин и Лионел Меси реализираа по двата погодоци за аргентинците, а уште еден додаде Евер Банега.
Победа во контролниот натпревар со Ерменија славеше и домаќинот на Европското првенство 2016 година, Франција победувајќи 3-0.
Мх.П.