Фудбалерите на Арсенал ги запишаа првите бодови на табелата во Премиер лигата совладувајќи го Лестер со 4-3 на „Емирати“ стадионот на стартот од сезоната.

„Топчиите“ на мечот со „лисиците“ кратко имаа водство 1-0, а подолго време беа во резултатска негатива прво 1-2 потоа 2-3. Во последните пет минути од мечот домаќините со два погодоци донесоа ново водство и победа.

Судејќи според првиот натпревар во Премиер лигата симпатизерите на англискиот фудбал тријат раце, бидејќи допрва најдобро доаѓа, а стартот беше повеќе од спектакуларен. 

OhridNews