Италијанскиот стратег Карло Анчелоти на дуелот во Бундес лигата меѓу Баерн Минхен – Хамбургер прослави златен јубилеј водејќи по 1000-тити пат една екипа од клупата во својата тренерска кариера.
Неговите избраници јубилејот го зачинаа со гол шоу, откако пред своите гледачи го совладаа составот на Хамбургер со високи 8-0.
– Тоа беше совршен за фудбалерите и за мене на мојот јубилеј. Искрено, не очекував ваква победа, но секогаш добрите работи доаѓаат кога не ги очекуваш. – изјави кракот после мечот Италијанецот.
57-годишниот стручњак тренерската кариера ја започна во Реџијана, а ја продолжи во Парма и Јувентус. Осум години успешно го предводеше Милан, па Челси и Реал мадрид, а трофејна авантура имаше и во Франција предводејќи го ПСЖ.
OhridNews