Викендов во организација на “Женската фудбалска школа – Голасо“ во с. Дрслајца Струга  се одржа турнир во мал фудбал за деца до 14 години.

– На турнирот учество зедоа 14 екипи во машка и 3 екипи во женска конкуренција. Преку 150 деца беа дел од овој турнир, целта на вака организираните турнири е да се продолжи со иницијативата за популаризацијата на фудбалот кај младите – рече Митра Стојаноска од ЖФК Голасо.

Пехарите за Првите места во машка и женска конкуренција отидоа кај екипите на Оу “Св Климент Охридски” Драслајца. Младите фудбалерки на Голасо го освоија 2. место покажувајќи одлична игра.

Најдобар стрелец во машка конкуренција бесе Илија Далчески , додека кај девојките титулата за најмногу постигнати голови и припадна на Весна Танеска.

Фудбалската школа Голасо во иднина посакува организирање на уште поголеми турнири на кој  учество би зеле екипи од други градови.

М.П.