Женската фудбалска школа Голасо формирана деновиве ќе го развива женскиот фудбал во Струга.

Школата е oснована од Митра Стојаноска (екс репрезентативка на Македонија, прогласена за најдобра фудбалерка во 2007 година), а со помош на МФК Илинден од Скопје, Balkan Children & Youth Foundation и Шведскиот кралски фонд Крал Густав 5-ти (Stiftelson Konung Gustaf V 90th Anniversary Fund ) .


– Целта е развој на женскиот фудбал и спортската култура кај младите. Тренинзите ќе се одржуваат на теренот на Караормана, а сите девојчиња на возраст од 6 до 14 години се добредојдени – велат од “Голасо“.

М.П.