Кошаркарите на Голден Стејт се новите шампиони во НБА лигата, откако во финалната серија со 4-1 го совладаа составот на Кливленд.

„Воините“ во петтиот натпревар од серијата пред своите гледачи со 129-120 ја совладаа „коњаницата“ и стигнаа до потребната четврта победа која носи титула.

Водството во текот на натпреварот неколку пати се менуваше, а домашните кошаркари во четвртиот квартал почнаа да го контролираат резултатот. Предноста „воините“ ја задржаа до крај и се израдуваа на втора титула во последниве три сезони.

За најкорисен кошаркар во финалната серија беше прогласен Кевин Дурант, додека Леброн Џемјс со трипл дабл учинок ги одигра сите пет меча во финалето. 

OhridNews