Серијата без пораз на Манчестер Сити заврши во англиската Премиер лига, откако „граѓаните“ изгубија од Ливерпул на Енфилд во меч со седум погодоци (4-3). Дербито во 23-та рунда од најсилната лига во Англија ги оправда големите очекувања и понуди фудбал за прераскажување. Сигурно овој меч ќе влезе во потесните во изборот на најдобрите од оваа сезона во Премиер лигата.

„Црвените“ поведоа со голот на Окслејд Чемберлејн, а возврати Лерој Сане за егал после 45 минути игра на Енфилд. Во период од десет минути Ливерпул преку три различни играчи Фирмињо, Мане и Салах стигна до предност од 4-1. Лидерот на табелата се созеде и во последните пет минути постигна два голови, но домаќините не дозволија уште еден и запишаа нови три бодови на табелата.

23. коло во Премиер лигата ќе се комплетира утре вечер со мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Стоук.

OhridNews