Деби со победа за новиот стратег на Охрид Лоте, Саше Вељаноски чиј тим со убедливи 4-2 го совлада Осогово, забележувајќи ја четвртата сезонска победа.


Составот на “градежниците“ стигна до убедлива предност по првите 45 минути, благодарение на расположениот Капрически, кој ги стопираше ударите на Богданоски и Паунов и двајцата од 100 % позции.

На спротивната страна немаа милост охридските напаѓачи. За 1-0 погоди Речкоски со прекрасен полуволеј кој отседна во десниот долен агол. На 2-0 зголеми Вељаноски кој избегна офсајд замка изби сам пред гостинскиот голман и реализираше. Фуриозниот прв дел го заокружи Трајковски кој по ударот од аголот најдобро се снајде во мешаницата пред голманот Лазаров.

На гостите кои се прикаажа во одлично светло во Охрид, им беше потребен цел час да ја погодат мрежата на Капрически. Кога не можеа од игра тоа им успеа од пенал и тоа преку Јанев, додека со погодокот на Ампов се врати резултатската незивесност.

За мирен финиш се погрижи Бакулески кој погоди по асистенцијата на Стојаноски. По овај триумф Охрид Лоте се зацврсти во средината на второлигашката табела.

М.П.