Голем број награди за учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваа на традиционалното образовно рандеву МАССУМ (Младинска асоцијација на средните стручни училишта во Македонија), кое годинава се одржа во Гостивар.

Учениците од Локална младинска организација на ЕМУЦ освоија прво место за најдобар штанд во кој учествуваат учениците Тамара Демир, Селма Ислами, Даниел Котоски, Дејан Ѓуклески, Леонтина Петкоска, Марија Илоска, Антонио Шулески, Горазд Јованоски, Мирсад Шеј, Мухамед Асан, Арсениј Ѓоршески, Џенис Асаноски, Ангел Крстески, Ана Спироска, Ана Атанасовска, Лука Доленц, Георги Прензоски, Љуман Бајрам, Даниел Ковачески, Филип Атанасов, Христина Ристоска, Климент Маријаноски и Филип Гугоски, под менторство на координаторката на ЛМО при ЕМУЦ, Ирена Ралева-Најдевска, потоа прво место за најдобра веб-страница каде учествуваа Ана Новеска, Бојан Иловски, Александар Трпески, Владимир Смилески, под менторство на професорката Александра Настеска-Николоска, како и првото место за најдобра фотографија освои ученикот Марко Апостолоски, под менторство на професорката Билјана Божиноска.

Првото место освои и ученикот Бобан Кочески, под менторство на професорката Билјана Божиноска во категоријата јавно говорење.

Во категоријата најдобра видеореклама учениците Бобан Кочески, Ален Бајрам, Иво Јовчески, Димитар Димоски, под менторство на професорот Ацо Вретоски освоија второ место, додека во категоријата пинг-понг ученичката Климентина Модева, под менторство на професорот Валентино Костадиноски го освои третото место.

OhridNews