Во наредните два дена ќе се врши второто пријавување од јунскиот уписен рок во средните училишта, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 4 јули.

Во првиот уписен рок, најголем интерес , охридските полуматуранти покажаа  за  ОСУ„Свети Климент Охридски“, каде се примени 189 во гимназиска струка, 71 во економско правната и трговска струка и 19 во  медицинската паралелка.  Во вториот уписен рок, останува да се пополни  161 слободно место- 83 во гимназиските паралелки, 63 во економските и 15 во медицинската паралелка.

Во електромашинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“, во првиот уписен рок, од вкупно 364 слободни места,  се запишале 83 ученици.  Слободно останува  уште 281 место .

Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ слободни места има 274. Во првиот уписен рок се запишале само 32 ученика.

Во Августовскиот рок ќе има едно пријавување на 22 август 2013 година, додека резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 23 август 2013 година.

Ohridnews