Поради дефект на главната водоводна цевка, Општина Струга и околните населени места од вчера предпладне се без вода за пиење.
Од центарот за информации на М.Ј.П. „Проаква“-Струга ни изјавија дека се работи за голем дефект на главната водоводна цевка во село Шум поради што во голем дел од градот и околината од вчера нема вода за пиење.
-На терен се сите екипи на јавното претпријатие кои интензивно работат на отстранување на дефектот, кој очекуваме да биде саниран во текот на денешниот ден, изјавија од „Проаква“.












