При вршење на ископ за изградба на станбен објект од страна на градежна компанија на улицата “Асном”, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка со голем профил ф 350 мм, информира ЈП Водовод.

Поради комплексноста на целата операција односно непристапен терен за работа, прекинот во водоснабдувањето може да потрае повеќе часа, а за целосната санација и враќањето во првобитна положба ќе бидат потребни и неколку дена, соопшти јавното претпријатие.

Се известуваат корисниците од улиците: “Асном” , “Никола Карев”, “Галичица”, “Мирче Ацев”, “Карпош Војвода”, “Ванчо Питошески” и дел од Бул.Туристичка дека прекини во водоснабдувањето ќе има и во наредните неколку дена, до целосно завршување со санацијата, стои во соопштението.

OhridNews