Екипата на Барселона го повлече вториот потег на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок доведувајќи го Кевин Принц Боатенг. Ганецот на Ноу Камп ќе се пресели од Сасуоло на позајмица со можност каталонците да го откупат на крајот од сезоната.

Трансферот на Боатенг е интересен затоа што некогашниот член на Милан е голем фан на Реал Мадрид, а посебно на Кристијано Роналдо. 31-годишниот фудбалер на својот профил на социјалните мрежи на таков начин го најави трансферот во Барселона.

  • Барселона доаѓам! Жал ми е што морам да го напуштам Сасуоло но ми се пружи голема шанса. Не ме прашувајте за Реал Мадрид, тоа е веќе минато. – напиша на социјалните мрежи Боатенг.

Боатенг имаше и блесоци и падови во кариерата но најсветла точка е неговата авантура во Милан кога со „росонерите“ успеа да стигне до титулата во Серија А. Ганецот има играно во Премиер, Серија А, Бундес и шпанската Ла Лига.

OhridNews