Италијанскиот калчолигаш Рома направи гест за почит откако му го продолжи договорот на тешко повредениот Кевин Стротман.
Холанѓенецот година и половина е надвор од терените поради повредата на вкрстените лигаменти на коленото.
Ниту двете операци не му помогнаа на холандскиот репрезентативец кој одлично настапуваше на Рома се до повредата.
– Ние му го продолживме договорот без размислување воопшто. Со тоа покажвме што точно чувствуваме за него. Тој со својата борба за опоравување од повредата покажа зошто е дел од тимот наш. Неколку пати имаме разговарано и ми повторува дека еден ден сака да и се оддолжи на клубот за се што има направено за него. – рече директорот на клубот Џејмс Палота.
Неговите игри не останаа незабележани и за негов трансфер сериозно загриза Манчестер Јунајтед по назначување на менаџер на Луис ван Гал.
Мх.П.











