Црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ направи голем и хуман потег плаќајќи му ја потребната операција на фудбалерот од Будуќност, Миливој Раичевиќ во Германија.


Раичевиќ на стартот од сезоната во Црна Гора ги скина вкрстените лигаменти на коленото. За опоравување од најтешката повреда во спортот се потребните неколку операции и третмани после тоа.

Клубот и фудбалерот во немање на финансии одлучиле да ја одложат оперецијата, а сето тоа стигнало до Јоветиќ кој веднаш реагирале и на Раичевиќ му обезбедил се што е потребно.

– Кога слушна дека клубот не може да ме испрати на операција во Аугзбург, Германија после тешката повреда тој веднаш побара хитен состанок со мене. Ме испрати во Аугзбург каде што и тој се лекуваше после ваквата повреда 2010 година. Со овој потег мене ми ја спаси кариерата и покажа дека покрај големата слава тој остана присебен човек. – рече Раичевиќ.

Поранешниот капитен на Партизан моментално ги брани боите на Интер по неуспешната авантура во Манчестер Сити.

Ohridnews