ЛК Лихнидос, утре, 17-ти декември, во големата сала на општината ќе одржи хуманитарен концерт, на кој ќе настапат професорите Даниел Чуркоски и Емилија Маринова и младите музички таленти: Еда Шазиман, Ивона Базгалоска, Огнен Секулоски, Даниел Мојсоски, Мила Коруноска и Климент Ѓорѓиоски. Влезот чини 100 денари, а секој посетител ќе добие хуманитарна честитка.
Исто така на 24-ти декември ЛК Лихнидос во соработка со Народниот театар Охрид и Центарот за култура организира хуманитарна театарска претстава. По тој повод Народниот театар ќе ја изведе извонредната претстава „Ај да си речиме уште една“.
Овие хуманитарни активности на ЛК „Лихнидос“ од Охрид се дел од шиоката акцијата „Декември – Месец на отворено срце“ која има за цел да се соберат средства за набавка на специјално возило за лицата со посебни потреби од општината. По тој повод клубот изработи хуманитарни новогодишни честитки по цена од 50 денари. Сите средства од продажбата на овие честитки ќе бидат наменети за реализација на иницијативата за набавка на специјално возило за лицата со посебни потреби.