Во рамките на своите активности во социјално-хуманитарната сфера, насочени кон помош на ранливите категории на граѓани, Црвен крст Охрид во соработка со фирмата „Синерга” од Хрватска, на 10- ти ноември, недела, со почеток во 13 часот во Спортската сала “Билјанини Извори” организира голем хуманитарен настан.
За прв пат во Охрид, ќе се одржи концерт на Госпел поп-рок музика, на кој ќе настапат музичките гости од Хрватска, групата Адонаи и кантавторот Данко Томовиќ, кој има телесен хендикеп-оштетен вид.
Средствата собрани од хуманитарниот концерт со продажба на влезниците чиј износ е 50 денари и продажбата на оригами производи изработени од младите членови на оригами клубот при Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за набавка на помагала за лицата со оштетен вид и слух од Охрид.
OhridNews