Голем хуманитарен концер за помош на ранливите категории граѓани, ќе се одржи во недела, 10-ти ноември, во спортската сала „Билјанини извори“ во организација на Црвен крст Охрид и фирмата “Синерга” од Хрватска.
Хуманитарниот концерт започнува во 13 часот.
На концерот ќе биде изведувана Госпел поп-рок музика, а ќе настапат музички уметници од Хрватска, кантавторот Данко ТомовиЌ и групата Адонаи.
Средствата собрани од хуманитарниот концерт со продажба на влезниците чиј износ е 50 денари и продажбата на оригами производи изработени од младите членови на оригами клубот при Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за набавка на помагала за лицата со оштетен вид и слух од Охрид.
OhridNews