Концертот е во организација на менаџерскиот тим на „Канео фест“, општинскиот Црвен крст, а на него ќе настапат голем број музички ѕвезди од Охрид. Меѓу изведувачите кои го имаат потврдено своето учество на хуманитарниот концерт се Бојан Трајчески, Климент Стојаноски, Миланка Новеска, Боби Мојсоски, Моника Јанеска, Дарко Секулоски, АнаМарија Кунеска, Владимир Сарафилоски, Ана Пацеска, БЦ Генерација, Бад Цонтракт.
Концертот ќе почне во 21 часот. Цената на влезниците е 100 денари.