„Да се обединиме во хуманоста“ е насловен хуманитарниот концерт за помош на погодените региони од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, кој ќе се одржи во понеделник на 26-ти мај, во спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје.

Според најавите на Министeрството за култура, на концертот ќе настапат македонските естрадни ѕвезди Калиопи, Каролина Гочева, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Дани, Нокаут Некст тајм, ДНК, Ѓоко Танески, Сара Мејс, Димитар Андоновски, Сашо Гигов Гиш, Зоран Џорлев, Виолета Томовска, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски и многу други.

Картите по симболична цена од 150 денари може да се купат на повеќе продажни места ширум Македонија.

OhridNews