Гимназијалците и годинава ја продолжуваат традицијата – голем хуманитарен музичко-сценски настан „Тркало на времето“.
На 09.05.2025 година во дворот на ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид гимназијалците ќе се претстават со музичко-сценски настап кој сигурно ќе ги плени вашите срца. Како и секоја година настанот е тематски, а годинава ќе слушнете прекрасна музика од 60-тите години па наваму. Годинава истиот е посветен на настаните од Кочани, информираат од училиштето.
Картите, посочуваат, ќе бидат во продажба од понеделник, 05.05.2025, во Гимназијата.
Бидите и вие дел од најголемиот средношколски настан во нашата држава, порачуваат.
Настанот ќе се одржи со почеток во 20 часот.
OhridNews