Акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“, што традиционално ја спроведува општина Охрид по повод Светскиот ден на заштита на животната средина, 5-ти Јуни, и годинава предизвика интерес кај охриѓани.

Во рамки на акцијата, ќе бидат поделени вкупно 500 жардиниери саксиско цвеќе во населбите Кошишта, Лескајца и Воска.

Дел од жителите на споменатите населби денеска подигнаа саксии со цвеќе од расадникот на јавното комунално претпријатие, а дел тоа ќе го сторат утре.

Исто така, во рамки на Неделата на животна средина, општина Охрид утре, 6-ти јуни,  ќе организира и акција за собирање на стара хартија во соработка со основните и средните  училишта од Охрид.

OhridNews