Странските туристи кои го посетуваат Охрид, сакаат да ги видат и подводните убавини на Охридското Езеро. За таа цел се повеќе гости од странство го посетуваат нуркачкиот центар АМФОРА во Музејот на вода во Градиште кој е единствен лиценциран центар за обука на нуркачи и нуркачки инструктори во земјава. 

Центарот нуди најразлични нуркачки курсеви почнувајќи од основни, па се до напредни обуки за професионалци. Такви се и посетителите, некои прв пат нурнуваат подлабоко во езерските длабочини, а други бараат нов предизвик.

-Посетителите кај нас може да научат да нуркаат на едноставен и забавен начин по програма и стандарди на Scuba Schools International (меѓународна школа за нуркање) и да се стекнат со меѓународен нуркачки сертификат,  велат од нукрачкиот центар АМФОРА.

Дипломи за завршениот курс
Почетниците го добиваат курсот “Scuba Discovery” кој овозможува разгледување на Заливот на коските во придружба на инструктор, додека за поискусните има различни програми во зависност од степенот на обученост на нуркачите.
Петар Симјаноски