Голем број охриѓани, претпладнево, се пријавија за бесплатните прегледи кои на градскиот плоштад ги вршеа вработени во Заводот за кардиоваскуларни заболувања, а во рамки на одбележувањето   на Светскиот ден на срцето. Кај повеќе од 100 граѓани беше извршено мерење на крвен притисок, ЕКГ, мерење на шеќер во крв, холестерол, а беа делени и совети за водење здрав живот и за значењето на физичката активност.

– Во однос на изминатите години може да се каже дека интересот годинава е поголем. Доаѓаат и оние кои претходно не почуствувале никакви тегоби, но може да се забележат и пациенти кои доаѓаат на прегледи во заводот, изјави д- р Марија Зимбова од Заводот за кардиоваскуларни заболувања.

Годинешниот настан кој се одржа под мотото „Тргни кон здраво срце“ е во организација на Заводот за јавно здравје, а подржан од министерството за здравство. Покровител е општина Охрид.

Со слични активности Светскиот ден на срцето беше одбележан и во Скопје, Тетово и Штип.  

OhridNews