Во рамки на проектот Цветни балкони- цветен Охрид, од страна на Одделението за заштита на животната средина при Локалната самоуправа, денес беа поделени 250 жардиниери со саксиско цвеќе.


Утре, од 10 до 12 часот во дворот на ОУ Христо Узунов ќе бидат поделени преостанатите од вкупно 500 жардиниери, предвидени за граѓаните кои живеат на  улиците “ Даме Груев“од пресекот со „Туристичка“ до „Питу Гули“ ; „Јане Сандански“ од пресекот со „Туристичка“ (Маркет Макси Д) до „Сирма Војвода“ ( кружен тек кај болницата ); “Питу Гули“ ; „Марко Нестороски“ ; „7-ми Ноември“ ;„Васил Главинов“ ; „Крсте Мисирков“ ; „Кузман Шапкарев“;„Богомилска“ ; „Ѓорче Петров“ и „Караорман“.


– Денес интересот од граѓаните за жардиниерите беше огромен. Станува збор за традиционална акција која започна да се реализира минатата година, во централното градско подрачје. Целта на акцијата е да се поттикнат граѓаните да ги украсуваат своите балкони со саксиски цвеќиња, вели Јасмина Момироска, од Одделението за заштита на животната средина.
 
Проектот Цветни балкони- цветен Охрид е дел од активностите на општина Охрид во рамки на Неделата на животна средина, а по повод 5- ти јуни, Светскиот ден на животната средина.

OhridNews