Голем интерес во Париз предизвика презентацијата на Охрид
23.05.13 14:54
Синоќа, пред голем број официјални личности од културниот и политичкиот живот на Париз, Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, со пригодно обраќање на тема “Охрид-кандидат за Европска престолнина на културата за 2020”, го претстави Охрид со своите културни, духовни и историски посебности.
-Да се опише Охрид, значи да се тргне превезот на долгата историја која датира над 7000 години наназад во периодот на неолитот, да се прочитаат артефактите на 250 археолошки наоѓалишта во градот и околината и да се следи патот на христијанството од овде од Охрид на исток до Киевска Русија и до западот на Европската цивилизација.-истакна Градоначалникот Бакрачески.
Во обраќање тој посочи дека Охрид е светилникот на македонската и европската историја, духовност и култура, изворот од кој се напиле многумина, жедни за духовни и културни сокови.
-Митската местоположба на градот и на бисерното Охридско езеро од дамнина е предодредена да биде центар на научната и книжевна дејност во овој дел од Балканот, за понатака да го шири своето научно и културно влијание на словенските земји во Европа. Свети Климентовата дејност го воздигнува градот како водечки книжевен, културен и духовен центар на словенската писменост во ИЏ век, преку формирањето на првиот Словенски Универзитет низ кој 3500 ученици ги развиваат духовните и научните способности. Нивните книжевни оддеци се пренесуваа до најоддалечените простори на словенските народи, приближувајќи го христијанското слово до безбожните и до неуките.-рече Бакрачески.
Опишувајќи го градот во сегашниот момент и неговото значење за Република Македонија и воопшто за светските цивилизациски вредности, градоначалникот Бакрачески истакна дека денес Охрид е спој на традицијата и современото, главен духовен, културен и туристички центар на Република Македонија и простор под заштита на УНЕСКО, како културна, а со Охридското езерои како природна реткост. „Повеќе од стотина цркви кои се наоѓаат во градот и неговата непосредна околина зборуваат за традицијата и посветеноста на македонскиот народ. Така ние македонците ја почитуваме традицијата, ја градиме сегашноста и ја планираме иднината, сврзувајќи ги сите вредности во една целост која ја почуствувале оние што барем еднаш го посетиле Охрид“, додаде Бакрачески на претставувањето на Охрид кое предизвика голем интерес и прием кај присутните.
Во текот на вчерашниот ден и синоќа, градоначалникот Бакрачески оствари средби со повеќе официјални гости на Фестивалот, меѓу кои со Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, амбасадорите на Р. Црна Гора, на Р.Албанија и Р. Хрватска во Франција, со повеќе личности од културниот живот на Париз, како и со проф.Јордан Плевнеш и други македонски еминентни културни имиња од светот на музиката и филмската уметност кои се наоѓаат во Париз, информираат од локалната самоуправа.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.