Илјадници луѓе се собраа  во Бристол на првата отворена аудиција за двете водечки ролји во новото продолжение од филмскиот серијал „Војна ѕвездите“.

Станува збор за улогите на девојката Рејчел и момчето Томас, девојката треба да биде повозрасна од 16 години, а момчето од 18. Рејчел е опишана како паметна и силна девојка која секогаш победува и никогаш не е жртва, додека Томас е момче коешто израснало без татко, паметен е , способен и покажува храброст кога тоа е потребно.

Портпаролот на „Lucasfilm” изјавил дека околу илјада заинтересирани добиле шанса од кои 75 ќе добијат повторен повик, додека илјада други биле веднаш елиминирани. Од „Pinewood Studio“, пак, соопштиле дека во „опашката“ имало околу 4,00 луѓе.

Аудицијата во Бристол е првата во низата отворени аудиции, а по неа следат аудициите во Глазгов, Манчестер, Далин и Лондон до крајот на ноември.

Откако пишувањето за сценариото за новото седмо продолжение о „Ѕвездените војни”, наместо Мајкл Арнд го презема ветеранот на франшизата Лоренс Касдан, а ќе го режира Џеј Џеј Абрамс, работите на реализацијата на проектот почнаа забрзано да се развиваат, па снимањето треба да започне пролетта 2014 година, а како што беше објавено во петокот, премиерното прикажување на филмот е закажано за 18-ти декември 2015 година.

Филмот кој засега го носи насловот „Ѕвездени војни: Епизода VII” ќе се снима во Англија, што претставува враќање на британските корени бидејќи сите претходни шест продолженија делумно беа снимани во британските студија.

OhridNews
извор:„Макфакс“