Со црковно народен собир денеска во охридското село Лешани ќе биде одбележана 100-годишнината од изградбата на храмот во манастирот Си Свети (Сите Светии – Сите Свети).

По тој повод ќе биде преосветен храмот од единствениот манастир на Балканот посветен на Сите Свети, во кој за големиот јубулеј е изработен нов фреско-живопис.

Во 2002 година манастирот заживеа со возобновено монаштво со доаѓањето на јеромонах Вартоломеј од Бигорската Свештена Обител.

Преосветувањето на манастирскиот храм ќе го изврши Архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан во сослужение на г.Тимотеј и г.Агатангел и архимандрит Партениј, како и бројно свештенство.