Денеска, 21 август, ќе се одржи долго очекуваниот концерт на Владимир Четкар џез-соул-фанк ансамбл во камп Љубаништа.

Вратите за концертот на 21 август се отвараат во 17:00 часот, а концертот ќе започне во 18:30. Претходно њубителите на добрата музика ќе ги забавува диџеј Ванчо Јованоски.

Влезот е бесплатен.

За настанот обезбеден е превоз со бродовите Александрија 1 и 2.

Повратни карти 300 мкд.

Поаѓање од градско пристаниште во 17:00 часот, враќање по завршувањето на концертот.

OhridNews