Националниот празник “Илинден” – со пригодни свечености вечерва ќе биде одбележан во охридско Велгошти.

По тој повод Месната заедница организира прослава пред споменикот на жртвите од илинденскиот период, I светска војна и НОБ.

На прославата што започнува во 20 часот учество ќе земат голем број гости и политичари, а најавена е и богата културно – уметничка програма, во рамки на која ќе настапи КУД – „Илинден“ од Велгошти.

OhridNews