Поради голем одрон на патниот правец Маврово-Дебар, воведена е забрана за движење на тешките товарни возила, соопштија од АМСМ.

Како што јавува „макфакс“, патничките возила се пропуштаат наизменично по една коловозна лента. Во наредните неколку часа, се очекува одронот да биде целосно расчистен што ќе овозможи непречено одвивање на сообраќајот.

Исто така, од АМСМ препорачуваат повнимателно возење на магистралата М-1, односно, делницата Катланово – Велес. Таму во моментов се врши реконструкција на патот, а поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија.

OhridNews