Голем пех за „граѓаните“ пред градското дерби со „ѓаволите“ (видео)
03.09.16 09:48
Напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец Сергио Агуеро е казнет со три натпревара забрана за настап заради намерно удирање со лакотот во главата на одбранбениот играч на Вест Хем, Винстон Реид, објави управата на Лигата.
Судијата на мечот, што заврши со победа на Сити од 3:1, не го виде инцидентот, па Агуеро беше казнет врз основа на снимката.
Така Аргентинецот ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед на 10 септември, како и првенствениот натпревар против Борнмут и средбата од Лига купот против Свонси.
Спортскиот директор на ГКК Охрид, Марјан Бошалевски, излезе со јавна реакција и осуда по инцидентот кој вчера се случи на кошаркарскиот натпревар во Охрид, упатувајќи извинување до службените лица ...
Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик во репрезентацијата на Македонија до 15 години Виктор ќе биде дел од националниот тим на пријателските натпревари против селекци...
Макс Верстапен со Ред Бул победи на денешната трка за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1, по неизвесна борба со возачите на Мерцедес и Мекларен Холанѓанецот низ целта мина со само 0,639 сек...