Ударната игла во нападот на ГРК Охрид Теимураз Орјоникидзе заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти која ќе го оддалечи од терените 7-9 месеци.

Му посакуваме добро опоравување и да ни се врати уште посилен во синиот дрес на Охрид, објави ГРК Охрид.

Орјоникидзе е клучна алка во играта на ГРК Охрид и еден од најстандардните играчи на клубот оваа сезона. Неговата повреда доаѓа во завршницата од сезоната во која Охрид игра во плеј-офот, а „гладијаторите’ ги очекува и настап на Ф4 турнирот од Купот на Македонија чиј домаќин е токму Охрид.

Г.М.