Едно од двете нови засилувања на Манчестер Јунајтед, Фред се соочи со голем пех повредувајќи се на тренингот од бразилската репрезентација која се подготвува за престојниот Мундијал во Русија.

24-годишниот фудбалер го извлекол подебелиот крај после судирот со Касемиро во текот на тренингот. Фред го повредил глуждот, а поради сериозноста на повредата доведен под знак прашалник е неговиот настап на Светското првенство.

Деталните прегледи кои ќе ги направи фудбалерот ќе покажат дали новото засилување на англискиот премиерлигаш ќе го облече дресот на „кариоките“ или Мундијалот ќе го проследи пред ТВ екраните.

Бразил последниот меч ќе го одигра во Австрија против истоимената селекција и потоа патува во Русија.

OhridNews