Голем потег направи германскиот бундеслигаш Дармштад за своите навивачи откако им обезбеди бесплатни сезонски билети.


Имено, клубот одлучи да му поклони годишни билети на жителите од градот со ниски месечни примања.

– Сакаме да покажиме дека се грижиме за луѓето од нашиот град. Со овој потег сакаме сите жители од нашиот град да дојдат и да уживаат во фудбалот. – изјавија од клубот.

Минатата сезона која беше прва за Дармштад во Бундес лигата немаше проблеми околу продавањето на билетите.


Капацитетот на стадионот (17 000) во просек на натпревар беше исполнет речиси цел односно со 16 647 гледачи.

Покрај жителите со ниски примиња, билети ќе добиваат постарите лица, дечињата и повеќе члените фамилии.

OhridNews