Околу 300 хектари шума се зафатени од големиот пожар што денеска избувна во преспанскиот дел од Националниот парк Галичица.

Во гаснењето на пожарот вклучени се пожарникарски екипи ид Ресен, Битола и Охрид. Дел од пожарот е локализиран, но поради непристапниот терен во одредени делови тој и натаму е активен.

Пожар од големи размери во НП Галичица последен пат се случи во 2007 година кога изгореа повеќе стотни хектари пасишта и дел шума, при што беа уништени природни живеалишта, а угинаа и многу животни.

Поради појавата на шумски пожари Владата воведе забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот.

Забраната започнува да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа забрана не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл), соопшти Владата.

OhridNews