Во еден од извештаите за смртта на Емилијано Сала, пронајден е голем пропуст кај пилотот и авионот, кои, ја немале потребната дозвола за комерцијални летови, пренесува „Скај Спорт“.
То значи дека пилотот Дејвид Иботсон, самоиницијативно и на сопствена одговорност го управувал авионот без комплетна документација. Иботсон исто така немал дозвола за ноќно летање со авион бидејќи не ги разликувал боите. Коцкањето на пилотот скапо го чинеше Сала, кој го загуби животот.
Сала почина 21 јануари, кога авионот управуван од Иботсон се сруши во англискиот дел од каналот Ла Манш. Телото на Сала и делови од авионот беа пронајдени две недели после несреќата со помош на роботи на дното од Ла Манш. Телото на Иботсон не го најдоа службите и после месец дена заврши потрагата.
Сала од Франција за Англија леташе да го комплетира трансферот од Нант во Кардиф, кој нажалост никогаш не се случи.
OhridNews