Учениците од О.У. „Св.Климент Охридски“-Охрид, постигнаа одлични успеси  на регионалниот натпревар по физика кој се одржа деновиве во Ресен.

Ученичката Мартина Петровска освои 1-ва награда, додека Поликсена Тунтева беше 3-то наградена. Ученичките на натпреварот настапија  под менторство на Галина Малезаноска.

Со одличниот пласман тие обезбедија учество на републичкиот натпревар по физика кој ке се одржи на 18-ти мај во Скопје.

OhridNews