Од областа на информатика, со тема од применет софтвер „ Веб Системот на Охридски Хор “- Кристијан Ѓорески од III-6, под менторство на проф. Марија Попоска освои второ место.
Од областа географија со тема „Сличности и разлики на одделни климатски елементи во различни климатски појаси“ ученичката Елена Китевска III-8, го освои третото место под менторство на проф Менка Ѓореска.
Републичкиот натпревар организиран од Народна Техника го оценува не само знаењето на учениците од областа, туку и неговата примена, кон која се стреми современото образование, потенцираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“.