На регионалните хорски и оркестарски смотри 2013, кои се одржаа неодамна во ОСУ “Св. Климент Охридски”, ОУ “Братство Единство” од Охрид под раководство на Бурим Хидри во прва категорија освои I-ва награда со 97 поени.  Хорот исполни две трогласни композиции, меѓу кои премиерно и светски наградената композиција „Заблеало рудо јагне“ на охридскиот композитор Гоце Гавриловски која и беше одлучувачка за победата на хорот.

Младите хористи очекуваат успех и на републичките хорски смотри во Кавадарци.

Со I-ва награда и право учество на републичките смотри се стекнаа и хоровите на ООУ “Живко Чинго” с. Велгошти – Охрид под ракводство на Оливера Петкоска и ОУ “Нури Мазари” с. Делогожда – Струга под ракводство на Ндерим Шемшедини.

Во конкуренција на оркестри со I-ви награди и право на учество на републичките оркестарски смотри во Велес се стекнаа ОУ “Св. Климент Охридски” – Охрид под раководство на Виолета Ангелеска и ОУ “Свети Наум” с.Пештани – Охрид под раководство на Илија Стојаноски.

OhridNews