Девет охридски генијалци од Центарот за развивање на животни вештини при Црвен крст Охрид кои ја следат Бреинобреин програмата, освоија вредни награди и признанија на еден од најголемите светски фестивали, кој на 5-ти декември се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

На натпреварот на кој се презентираат стекнатите вештини и мултитаскинг техниките од Бреинобреин програмата учествувале околу 2000 натпреварувачи од целиот свет.

Повеќе детали за ова натпреварување и освоените награди ќе бидат соопштени на денешната прес конференција.

 

OhridNews