На престижното натпреварување во музичкото училиште Даворин Јенко, во Белград, Република Србија, учествуваа и две претставнички од ООМУ „Методи Патче“, во класата на Проф. Ана Ѓорѓиоска.
Во дисциплината соло пијано, кое се одвиваше во периодот од 15 до 18 март, Катја Крстаноска освои прва награда во преткатегорија (2014 и помлади) , а Ана Кузманоска освои втора награда во категорија А (2010 и помлади).
Музичкиот натпревар “Даворин Јенко”, кое годинава слави јубилеј 20 години постоење, има силен меѓународен карактер.
Покрај негување на основниот натпреварувачки дух, организаторот привлекува внимание на стручната јавност и заради својот професионален и отворен став кон класичната, но и кон современата музичка уметност. Стручната комисија е секогаш составена од домашни и од странски професори и педагози, низ чии “раце” досега поминале вкупно 8.500 натпреварувачи од над 20 земји од цела Европа.
OhridNews