На државниот натпревар „Лидер на струка“, што оваа година се одржа во Гевгелија во организација на Центарот за стручно образование и обука на Република Македонија голем успех постигна и средното струшно средно училиште „Нико Нестор“ од Струга.

Ученичката Теодора Пана од СОУ „Нико Нестор“, Струга под менторство на професорката Елена Матоска Апостолоска го освои второто место во профилот економски техничар, економско-правна и трговска струка.

-Ова достигнување е уште еден доказ за квалитетното образование во ова училиште. – велат од СОУ „Нико Нестор“, Струга. 

На државниот натпревар „Лидер на струка“ годинава учествуваа 12 ученици.

OhridNews