Изминатиот викенд во Струга се одржа возбудлива едриличарска регата на која силите ги одмерија младите спортисти од З.С.Е. „Акватика Јахтинг“ – Охрид и домашниот клуб Е.К. „Снегар“ – Струга. Акваториумот на Охридското Езеро понуди идеални временски услови и поволен ветер, овозможувајќи квалитетни и динамични трки во класите Optimist и ILCA, односно ILCA 4 и ILCA 6.

Успешен настап имаше и домашниот Е.К. „Снегар“ – Струга, од кој Томе Златески го освои првото место во класата Optimist, Стефан Бараковски во ILCA 4, а Марко Милесиќ во ILCA 6. Сара Милеска го освои второто место во генералниот пласман во Optimist.

Едриличарите на „Акватика Јахтинг“ уште еднаш ја потврдија својатаодлична форма и посветена работа во текот на целата сезона, освојувајќи медали и високи пласмани во повеќе категории.

Регата во Струга 2026:

Класа Optimist
• Калина Николовска оствари извонреден триумф, освојувајќи го 3. место во генералниот пласман, како и 2. место во категоријата девојчиња и 2. место во категоријата U12 девојчиња.
• Драган Анѓелески освои бронзен медал со 3. место во категоријата момчиња и го зазеде 5. место во генералниот пласман.
• Петар Филоски го освои 6. место во генералниот пласман.
• Бора Попоска Максим Стојкоски Атина Стојкоска и Веда Цонева, прикажаа забележителни настапи и борбени трки.

Класи и ILCA 6 ILCA 4
• Софија Ставрева освои бронзен медал со 3. место во генералниот пласман во класата ILCA 6.
• Евгенија Ставрева го зазеде 4. место во генералниот пласман во класата ILCA 6.
• Миа Булатовиќ го освои 4. место во генералниот пласман во класата ILCA 4.
• Лина Пашоска го освои 5. место во генералниот пласман во класата ILCA 4.

Имавме прекрасен ден за едрење, идеален ветер и одлична спортска атмосфера. Горди сме на сите наши деца кои покажаа вистински карактер, дисциплина и љубов кон едрењето. Овие медали и одлични пласмани се потврда за континуираниот напредок на нашиот клуб и одличен мотив за претстојните предизвици, велат од З.С.Е. „Акватика Јахтинг“.

Со овој успех, клубот уште еднаш покажа дека Охрид има светла иднина во едриличарскиот спорт, продолжувајќи ги интензивните подготовки и тренинзи за претстојните домашни и меѓународни регати.

OhridNews