УЈП ја почна, досега, најголемата контрола во делот на фискализацијата. Како што потенцираат од УЈП контрола се врши без исклучоци, во сите градови и општини, при што со контролата на даночниците ќе бидат опфатени и најмалите продавници.
– На терен работат и мобилните екипи на УЈП од 150 даночни инспектори кои од почетокот на месец Септември затворија деловни објекти во Велес (21), Струмица (41), Гевгелија (23), Куманово (29), Скопје (69), Тетово (19), Прилеп (20)…
Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти – дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиката документација, велат од управата.
Оттаму, потенцираат дека и покрај обидите за притисоци и квалификации со цел локални препукувања и припишување на политичка, регионална и било каква конотација на работата на даночните служби, Управата за јавни приходи ќе продолжи со поддршка на легалните бизниси и сузбивање на сивата економија и неплаќањето на даноците.
OhridNews