Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реализира рекордна донација на спортска опрема за екипите од младинските категории во натпреварувачкиот систем на ФФМ. Вкупно 42 екипи кои настапуваат во Супер младинската лига, Втората и Третата младинска лига добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци), како и по 30 фудбалски топки.

Нашата цел е јасна, младите фудбалери да имаат најдобри можни услови за развој, а клубовите да бидат ослободени од дополнителни трошоци. Сакам да потенцирам дека оваа опрема е наменета исклучиво за децата и клубовите немаат право да им ја наплаќаат на родителите. ФФМ ќе продолжи да прави сè што е потребно за да им помогне на оние кои вложуваат во младинскиот фудбал, затоа што иднината на нашата игра е токму во овие деца, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Вкупно 1.848 деца се опфатени со оваа донација, чија вредност изнесува околу 150.000 евра, обезбедени целосно од средствата на ФФМ. Меѓу нив и младинскиот погон на ГФК Охрид Лихнидос.

Најголема благодарност до Фудбалската Федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ и спортскиот директор Горан Пандев за доделената донација на спортска опрема и фудбалски топки до младинските категории, помлади пионери генерација 2010 и пионери генерација 2009 на ГФК Охрид Лихнидос” – изјави спортскиот директор на младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос, Коста Трифуноски.

Подмладокот на ГФК Охрид Лихнидос настапува во Супер младинската лига заедно со АП Брера Струмица, Вардар, Пелистер, Работнички, Шкендија, Македонија Ѓ.П. Шкупи, Њу Старс, Брегалница 2008, Тетекс, Скопје, Струга Трим Лум, Арсими, Башкими и Тиквеш кои исто така се опфатени со донацијата.

ФФМ уште еднаш ја потврдува својата стратегија за системска поддршка и развој на младинскиот фудбал, како темел на идните успеси на македонската репрезентативна и клупска сцена.- изјави претседателот на ГФК Охрид Лихнидос, Гоце Толески.

Спортска опрема од ФФМ добија и младите екипи на второлигашите: Победа, Беласица, Детонит Плачковица, Силекс, Ренова, ССК Нова, Шкендија (А), Куманово, Кул Здравје, Кожуф Гевгелија, потоа Трета лига – пионери: Биџо Куманово, Гроздановски, Новаци, Ускана Кичево, Големо Коњари, Преспа, Љуботен, Каменица САСА, Слога 1934, Малеш, Осогово, Рудар Пробиштип, Борец 1919, Вардар Неготино, како и екипите од Трета лига – помлади пионери: Биџо Куманово, Гроздановски, Новаци, Ускана Кичево, Големо Коњари, Преспа, Љуботен, Каменица САСА, Слога 1934, Малеш, Осогово, Рудар Пробиштип, Борец 1919 и Вардар Неготино.

Г.М.
Фото: А. Момироска